Ал Пачино стана татко на 83 години

by Fokus

Само десет дена откако во Холивуд одекна веста за бременоста на Нур Алфала, девојката на Ал Пачино, оваа 29-годишна жена го роди своето прво дете, а четврто на актерот.  Пачино стана татко на 83 години.

Среќната вест ја потврди и самата Нур, која е 54 години помлада од Пачино, но полот на детето не е откриен.

Веста за бременоста беше проследена со бројни контроверзии, меѓу кои и тврдења дека Ал не бил сигурен дека детето е навистина негово. Но, извор близок до парот инсистирал дека и двајцата се пресреќни поради бременоста, иако тоа било изненадување.

Поврзани новости