Курсат Јилдирим – Чико (42), Турчин кој живее во Дортмунд, Германија, е среќникот кој доби Џекпот на Лотарија и освои десет милиони евра, а за кого деновиве пишуваат светските медиуми. Набргу откако ја освоил лотаријата, тој го напуштил работното место – возач на кран, а околу тоа како му се променил животот во последните месеци, откако станал милионер, објави британски Дејли Стар.
Како што е наведено во медиумот, Курсат во минатото бил зависник од дрога, но и крадец кој во неколку наврати бил на одлежување на затворски казни поради кражби.
Во времето кога ја освоил лото добивката, во мај, годинава, бил во врска со 50-годишна Германка, која изјавила дека на почеток и ветувал дека ќе и купи се, но првото нешто кое го купил по освојувањето на лотаријата бил автомобил Ферари од 400.000 евра, кој си го купил за себе. Не поминало долго, тој ја прекинал врската со девојката.
-Неверојатно е како парите го променија! На почеток тој постојано ме држеше за рака, ми викаше – Драга! Кога ги освои милионите, ми кажуваше дека е богат и ќе ми купи се што ќе посакам. Наместо тоа, си купи Ферари и ја прекина нашата врска- раскажала таа.
Курсат пак, одговорил дека станува збор за недоразбирање, бидејќи никогаш не се работело за сериозна врска, и лото добивката не била пресудна за нивниот прекин.
-Таа е посебна жена за мене, секогаш беше тука кога ми требаше. Се вљубив во нејзината добрина и хуманост, но не и во неа, како жена. Тоа отворено и го кажав- изјавил новопечениот милионер. Околу тоа дека потрошил многу пари за автомобилот, раскажал дека се што направил, имало своја причина.
-Во минатото направив многу лоши работи. Поминав 27 месеци во затвор поради кражба. Не се гордеам со тоа. Бев црна овца во фамилијата, многу луѓе се откажаа од мене, едноставно ме отпишаа. Скапиот автомобил го купив токму поради тие, лошите и завидливи луѓе, кои љубомореа на мојата добивка. Сега, за многу луѓе од турската заедница јас сум херој. Планирам да си купам модерна вила на ридовите над Истанбул. За мене, тоа ќе биде остварување на сонот – изјавил Курсат.
Вики Клинчарова