АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ ПОРАДИ ПОГОЛЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА

by Фокус

Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.

За време на овој викенд на повеќе места ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, и тоа особено во сабота, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на незначителен пад, особено во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината, исто така за викендот, ќе растат условите за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурата на воздухот во Скопје и околината се очекува да се искачи до околу 30 степени. Нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и тоа особено во попладневните часови, ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости