550
Денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава.
Како што соопшти МВР, при контролата, санкционирани се 61 возач. Од нив, 14 санкции се поради непоседување лекарско уверение, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење без возачка дозвола, а 14 возила се упатени на вонреден технички преглед.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.