633
Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, денеска ќе ги вадат фрлените автомобилски гуми од Вардар.
Акцијата почнува во близина на мостот „Гоце Делчев“, а претставува дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.
Од Граѓанската иницијатива ги повикуваат граѓаните да се вклучат во акцијата и посочуваат дека редовно спроведуваат ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.