500
ЈП „Паркови и зеленило“ соопшти дека се врши акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк, откако беше објавено видеозапис дека екипите на претпријатието сечат здрави дрвја во паркот.
„Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се за опасност за посетителите на паркот. Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација“, се вели во соопштението од ЈП „Паркови и зеленило“.
Од претпријатието најавија дека акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела.