Акција за донирање на храна во Неготино

by fokus

По повод Недела на борба против гладот во Неготино ќе се одржат акции за собирање на храна која ќе им биде поделена на ранливите категории на граѓани.

Денес со почеток од 16 часот пред Кам Маркет и утре со почеток од девет часот на градскиот плоштад, ќе бидат поставени штандови каде хуманите граѓани ќе можат да ги остават своите донации.

Настанот е во организација на клуб на млади при ОО Црвен Крст Неготино, од каде информираат дека може да се донираат конзерви со храна, тестенини, грав, леќа, ориз, зимница, овошје и зеленчук.

В.К.

Поврзани новости