Мобилни телефони, ножеви, штрафцигери, пари и дрога утрово биле најдени во акција во штипскиот затвор. Акцијата била спроведена од Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со Затворската полиција.
Акцијата е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност.
-Никој нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, велат од Министерството за правда.