Активно заразени со Ковид-19 се 6.318 граѓани

by fokus

Бројот на активни случаи на Ковид 19 во земјава продолжува да опаѓа. Вчера се регистрирани 6.318 активни случаи, наспроти 7.595 во претходното деноноќие.

Според последниот ковид-билтен на Министерството за здравство, од вкупно 234 нови позитивни случаи на Ковид-19 од направени 1.318 тестови во изминатото деноноќие, регистрирана е 31 реинфекција, има 12 починати лица и 1.491 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени пет починати лица во период од 14 до 18 февруари 2022. Кај сите 17 починати лица се регистрирани коморбидитети.

Серолошкиот скрининг на граѓани, кој се прави по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно со вчерашниот ден, се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола.

Здравствените власти, викендот излегоа со оценка дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. За евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.

Поврзани новости