Активно заразени од Ковид-19 се 5.539 граѓани, половина се од Скопје

by fokus

Во претходното деноноќие беа регистрирани 82 случаи од направени 1.211 тестирања или 6,7 отсто, што е значителен пад на новозаразени од Ковид-19 во однос на претходните денови. Според податоците на Институтот за јавно здравје за период од 29 ноември до 5 декември, процентот на позитивност се движел од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.

Од новозаразените, најмногу се од Скопје – 61, следи Кавадарци – 9, па Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 2.714, следи Битола со 457, Прилеп – 336, Кавадарци – 251, Охрид – 222. Во другите градови тој број е под 200, а во Дебар во моментов нема ниту еден активен случај.

Поврзани новости