Активни 2.091 случај во земјава, Европа се подготвува за нов ковид-бран

by fokus

Од вкупно 1 153 тестирања од вчерашната ковид статистика, регистрирани се 411 лица позитивни на коронавирусот, односно 35 проценти од тестираните се позитивни. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вкупниот број позитивни лица, 88 се реинфекции, а нема починати лица. Оздравени се 210 пациенти.

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со вирусот во земјава.

Засега остануваат да важат мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост.

Поврзани новости