898
Бројот на активни ковид-случаи во државава изнесува 14.998, од кои 6.025 се во Скопје, 1.913 во Тетово, 1.107 во Гостивар, 946 во Куманово, 690 во Струмица, 612 во Кичево, 582 во Струга, 510 во Охрид, 280 во Прилеп, 239 во Дебар итн.
Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 722 нови случаи. Истовремено, според податоците од Институтот за јавно здравје, има 574 оздравени пациенти, додека 26 лица починале.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.175.766 тестирања на ковид, а вкупниот број дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројот на оздравени пациенти е 157.868, а на починати е 6.013.