Активистот на Левица бил повикан во полициска станица поради омаловажување на премиерот Заев

by fokus

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, информираше дека во полициска станица бил повикан Иван Јовановски, кој беше дел од герила акцијата на партијата, на Могила, информацијата за „Фокус“ ја потврдија и од МВР.

-На 13 октомври во ПС Прилеп повикан е И.Ј. (32) од Прилеп врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, ни одговорија од МВР.

Активистот на Левица, Јованоски, на 11 Октомври, ја предводеше групата која го блокираше приодот до Могилата на владината делегација и му дофрлаше на премиерот Зоран Заев, а подоцна имаа и мал зајадлив вербален конфликт.

Поврзани новости