Иранските активисти за човекови права денеска ги повикаа жените јавно да ги соблечат своите превези на Националниот ден на хиџабот и чесноста, ризикувајќи да бидат уапсени поради пркосење на исламскиот кодекс на облекување.
Според иранскиот исламски шеријатски закон наметнат по Револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за покривање на нивните фигури. Прекршителите се соочуваат со јавна опомена, парична казна или апсење. Но, и покрај законот голем број Иранки не го почитуваат кодексот на облекување.
– Националниот ден на хиџабот и чесноста е само изговор за таргетирање на жената и покренување на нов бран репресија против иранскиот народ, посебно жените, се наведува во заедничката изјава на десетици истакнати активистки за правата на жените.
Во знак на граѓанска непослушност, хаштагот #No2Hijab се шири на социјалните мрежи од страна на Иранците. На кампањата им се придружија и некои жени кои доброволно носат хиџаб, како и мажи.