Активисти на Левица се обидоа да направат инцидент кај споменикот „Могилата на непобедените“

by Fokus

Активисти облечени во маици со обележје на политичката партија Левица го „окупираа“ меморијалниот комплекс Могила на непобедените во Прилеп каде претпладнево се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание.

Група од 11 лица застана пред споменикот и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.

На церемонијата во Прилеп, која заврши предмалку, свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски.

 

Поврзани новости