332
Во државава е активен еден пожар, а вчера имало вкупно 29, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во општина Липково, над селата Извор и Белановце. Се работи за шумски пожар, а ЦУК соопшти дека неговиот интензитет е намален.
ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, Теарце и Радовиш, а три во општина Зелениково. Изгаснати се и пожарите во општините Липково, Кавадарци, Струга, Ѓорче Петров, Илинден, Студеничани, Боговиње, Прилеп, Долнени и Кочани.
Пожарите биле на локации со сува трева, ниска вегетација, грмушки, стрништа, мешана шума, отпад.