Активен е пожарот во Старо Нагоричане

by fokus

Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане во селата Малотино и Рамно, додека на подрачјето на Куманово нема активни пожари, информираа денеска од Центарот за управување со кризи и од територијалните противпожарни единици на Старо Нагоричане и Куманово.

Во Малотино и Рамно гори мешана шума.

Пожарот вчера се префрли во боровата шума. Покрај екипи на противпожарни единици на Старо Нагоричане и соседните општини, во гасењето беа вклучени и две теренски возила на „Национални шуми“ од кумановската и од подружницата од соседна општина Крива Паланка.

Поврзани новости