480
Актерот Гери Буси се соочува со обвиненија за сексуален напад што наводно се случиле за време на годишната конвенција „Monster Mania“ што се одржа во хотелот Даблтри во Чери Хил, Њу Џерси, САД минатиот викенд.
Полицијатa одговорила на пријава за сексуален напад во хотелот, а како резултат на истрагата, полицискиот оддел го обвини Буси за две точки за криминален сексуален однос од четврти степен, една за обид за сексуален однос и една точка за вознемирување.