Актерот Ахмети кој почина од последици од коронавирус, постхумно доби поштенска марка

by fokus

Величествениот, Румелија, Долина на волците, Бал-кан-кан, Тејкен2, Лимоната, се само дел од богатиот филмски опус на Луран Ахмети, еден од најталентираните актери на Албанскиот театар кој почина во март 2021 година од последици од корона вирус, на 46-годишна возраст.

Во негова чест беше промовирана поштенската марка „Луран Ахмети 1974 – 2021“ испечатена во тираж од 6000 примероци, и со номинална вредност од 36 денари.

Како што истакнаа од АД Пошта, дизајнер на поштенската марка е Тахар Алемдар, кој на ова мало парче хартија, со исклучителна вредност во светот на филателијата, го претставил ликот на Луран Ахмети и слики од неговите ликови, театарски и филмски.

За ликот и делото на Луран Ахмети на промоцијата говореа членови на најблиското семејство, а спомени за неговите лик и дело пренесоа и неговите колеги, актери,со кои заедно одигра голем број на претстави.

Ахмети беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии.
Тој беше син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители.

Вики Клинчарова

Поврзани новости