Романската актерка и манекенка – Мадалина Генеа, која важи за една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“ во тесен фустан со долга пуштена коса и насмеано им позираше на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот „Queer“, а се појави и во беж фустан со качулка со деколте што ги истакна нејзините долги нозе.
Актерката се прослави со улогата во филмот „House of Gucci“ со Лејди Гага, Адам Драјвер и Ал Пачино, во кој ја глумеше Софија Лорен, поради што многумина ја споредуваат со италијанската актерка.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.