Актерката Стојановска под сомнеж дека била соработник на криминалната група која беше фатена со кокаин вреден 20 милиони евра

by fokus

Министерот Оливер Спасовски, на денешната прес конференција, откри детали за меѓународната акција „Колибри“, а во која беше уапсена актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг, Воислав Будисављевиќ. Во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани, сите осомничени за шверц на 700 килограми кокаин.

Според МВР, постои сомнеж дека актерката Стојановска била помагач на криминалната група која дистрибуирала кокаин во земјите од западна Европа.

-На 18 декември 2019 година во рамки на меѓународна полициска операција, е споведена полициска акција заедно со Шпанија и Колумбија, за лишување на лица, членови на меѓународна организирана криминална група, што организирала транспорт на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа. При продажба на големо кокаинот би достигнал цена од 20 милиони евра, рече Спасовски.

Тој појасни дека од јули месец до декември во соработка со јавен обвинител се преземени низа мерки за утврдување на активностите на организираната криминална група, предводена од двајца македонски државјани, кои биле дел од меѓународна криминална група.

Дрогата е заплената во Мадрид на 18 декември годинава.

-Лидер на оваа група е лицето В.Б. кој имал впишана забрана за патување во земјите на ЕУ, кој го ангажирал неговито брат В.Б. со кој ги договарале чекорите за дистрибуција на кокаинот. Пријавената С.С. по инструкции на својот сопруг В.Б. резервирала хотел во Мадрид и го платила од своја кредитна картичка, па отпатувала преку Софија во Мадрид, за во име на нејзиниот сопруг, еден шпански државјанин да подигне десет илјади евра, најверојатно поврзани со шверцот на кокаинот- рече Спасовски.

Поврзани новости