Актерката Чарлби Дин почина од ненадејна болест на 32 години

by Fokus

Јужноафриканската актерка и манекенка Чарлби Дин, ѕвездата на филмот „Триаголник на тагата“, овогодинешниот добитник на Златната палма, починала вчера во Њујорк, соопшти нејзината портпаролка, потврдувајќи ги информациите од медиумите.

Според пишувањата на странските медиуми, 32-годишната актерка починала од „неочекувана и ненадејна болест“ вчера во болница во Њујорк. Засега нема други информации за причината за смртта.

Во филмот „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Естлунд, Дин ја игра Јаја, топ модел и инфлуенсерка опседната со својот имиџ и кариера, на која ѝ се нуди луксузно крстарење со нејзиното момче. кое исто така е манекен.

Поврзани новости