Актерите Тасевски и Трпкова пред МТВ: Да им се налутиме, доста е!

by Фокус

Актерот Сашо Тасевски пред насобраните стотици граѓани пред МТВ истакна дека секој од нас мора да се налути и да порача дека ова повеќе не се трпи.

„Не сум тука да ви кажувам за лошата состојба во државата, вие тоа го знаете. Но дали тоа го знаат новинарите и уредниците во МТВ? Одамна е пречекорен прагот на неутралноста, затоа мора да и помогнеме на Македонија. Тоа што треба да го направиме е многу да се разлутиме и да викнеме: ,,Јас сум слободен човек!“. Само така ќе покажеме дека нашата татковина има вредност и дека нема да дозволиме никој да ни ја гази. И јас кажувам, лут сум и ова нема да го трпам повеќе!“- рече Тасевски пред насобраните граѓани.

Потоа зборуваше и акерката Синоличка Трпкова која исто така кажа дека конечно мора да се стави крај на ваквото владеење.

„Наликуваме на циркус во кој дваесет тренери удираат со камшик по човечињата. Ова е дваесет и први век во кој се водат медиумски војни. Но каде е МТВ? Медиумот за кој сите ние плаќаме. Секојдневно се случуваат улични протести. МТВ молчи. Студентите ги окупираа факултетите, МТВ беше како мртовец. Секој ден слушаме за криминалот на власта, а МТВ ни збор да изусти. Напоменувам дека ова не е партиски собир, туку граѓански, и оти навистина ни е дојдено преку глава. Ги повикувам граѓаните да го разбудат храбриот генерал во себе.“- рече Трпкова.

 

Поврзани новости