Актерите го пикираа ѓубрето кај Заводот за рехабилитација, ги повикуваат и новинарите да им се придружат

by fokus

Преку кампањата „Не биди ѓубре“, актерите повторно се организираат во акција за чистење на јавните површини. Овој пат тие го пикираа ѓубрето околу Заводот за рехабилитација.

Локацијата е избрана во координација, откако претходно во игра беа кејот и патеката на Водно.

„Убаво би било повторно да бидеме медиумски покриени, па кога ќе завршат со снимањето прилог, да се приклучат на акцијата, особено оние кои не веруваа дека не позираме, туку навистина работиме. #НеБидиЃубре, рашири ја веста, подигни ја свеста и придружи се! “, порача актерката Ирена Ристиќ.

Акцијата ќе се одржи во четврток во 18.30 часот.

Поврзани новости