1.1K
Аксел Ахмедовски денеска е назначен за нов министер без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите, на местото Самка Ибраимоски кој си даде оставка и се врати на пратеничкото место.
Тој е роден во Делчево, има завршено правен факултет во Скопје и е основач и претседател невладината организација КХАМ од Делчево.
Од 1994 до 2002 бил член на СДСМ, од 2008 до 2012 генерален секретар на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а од 2013 потпретседател на оваа партија.