454
Битолчанецот Лука Дамчевски во првото свое учество на Водици успеа да го пронајде положениот свет крст во водите на црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“.
На овој настан чиноначелствуваше митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, на сите им посака добро здравје и го положи светиот крст кој го бараа 25 учесници, а најсреќен и највешт беше средношколецот Лука Дамчевски.