421
Екс-премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, остро ја обвини власта за политички прогон, и како што рече, ситуацијата ќе била понаква доколку пред 10 години ги прифател барањата на Грција за проблемот со името.
„Ова се јалови обиди на власта. Тие се во кампања сега и ќе се изнаслушаме еден куп глупости глупости. Се појавија информации дека сум дал согласност за „Република Северна Македонија“ пред десет години. Но, ако се согласев на се што сакаа Грците, друга песна ќе беше денес“, рече Груевски и си замина од прес-конференцијата, без да ги дочека новинарските прашања.