Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории.
-Тоа не значи дека сите имаме потреба да грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидеме поефикасни да ја сочуваме енергијата. Поевтино е да се грееме со струја уште од палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии, изјави Насер Нуредини.