786
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер напиша дека руските сили се обидуваат да ја преземат контролата над нуклеарната централа Чернобил.
-Руските окупаторски сили се обидуваат да ја заземат Чернобил. Нашите бранители ги жртвуваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Ова е објава на војна против цела Европа, напиша Зеленски на Твитер.
Украинското Министерство за надворешни работи го повтори предупредувањето на Зеленски, твитувајќи дека рускиот напад врз Украина може да „предизвика уште една еколошка катастрофа“.
-Во 1986 година, светот ја виде најголемата технолошка катастрофа во Чернобил. Ако Русија ја продолжи војната, Чернобил може да се повтори во 2022 година, објави Министерството на Твитер.