Ако пропее обвинет за кражба на марихуана, може да „изгори“ син на висок функционер?!

by fokus

Аудиоснимки што тврди дека ги поседува бизнисмен, може да изгорат син на висок функционер. Бизнисменот се поврзува и со функционерот, но и со братучедот на Заев. Допирна точка им е бизнисот со марихуана…

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Под наслов „Аудиоснимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“, албанската телевизија „Ора њуз“ објави прилог во кој се споменува братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Телевизијата објави дека лице што ќе биде заштитено од правдата поседува неколку аудиоснимки, кои покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да саботираат операција за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции.

На аудиоснимките наводно имало имиња од коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на „сините униформи“.

Лицето што ги поседува снимките, како што објавува „Ора Њуз“, најпрво комуницирало со Трајче Заев, известувајќи го за ситуацијата. Заев, откако ја преслушал аудиоснимката, му одговорил со кодирана порака:

Мислам дека би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“.

Овој прилог на телевизијата го воскресна и случајот со кражбата на 60 килограми канабис од фабриката за производство на медицински канабис „5 летерс“.

Навидум прилогот нема никаква врска со овој случај, но, според неофицијалните информации на „Фокус“, овие аудиоснимки се поврзуваат и со висок функционер во власта. Наводно, снимките се всушност најава за пресметка меѓу странски бизнисмен и македонски функционер.

Според нашите информации, овие снимки и прилогот се поврзуваат со бизнисмен со потекло од Косово, а кој долги години живее и работи во Швајцарија и сака да му испрати порака на моќникот од македонската власт.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости