406
Доколку пратеници од СДСМ кажат не на ултиматумот, ВМРО-ДПМНЕ се откажува од предвремени избори и ако треба ќе поддржува малцинска влада, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ги става националните и државните интереси пред партиските и затоа ги повикува пратениците од СДСМ да гласаат против предлот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барањето на предвремени избори и доколку треба ќе поддржи опстојување на оваа власта, макар и како малцинска. Да не дозволиме Македонија да биде уценета, да покажеме дека националните и државните интереси се поважни од се, да кажеме Ултиматум-Не благодарам!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.