Изборот пред нашата земја и партиите е интеграција во ЕУ или изолација, а ние тоа го видовме во периодот од 2006 до 2016 година, тоа ќе се случи доколку не успеат уставните измени, рече во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
– Доколку не успеат уставните измени за кои што тие (ВМРО-ДПМНЕ) се залагаат, ние ја гледавме таа ситуација од 2006 до 2016 година, тоа е изолација. Од 2006 до 2016 година државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлански интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ рече дека поканата за средба со Христијан Мицкоски е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ.
-Да, поканата веќе од мојот кабинет е доставена до ВМРО-ДПМНЕ, до претседателот. Таа средба ќе биде одржана во текот на наредните денови на која ќе разговараме како што кажав за две клучни теми. Првата е одлуките кои што треба да бидат донесени со цел продолжување на евроинтеграциите на нашата држава, односно да обезбедиме глас за Европска Македонија и второ за односите со соседите и за пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење на добрососедски односи со сите наши соседни држави, рече Ковачевски.