Ако не се почитуваат мерките, можен карантин за Тетово, Сарај, Чаир, Гази Баба, Аеродром

by Fokus

Повторно ќе се воведат таргетирани и локализирани рестрикции доколку состојбата со бројот на новозаболени тоа го наложи, но засега ситуацијата само се следи и тоа не се прави поради стабилноста на здравствениот систем и познатите кластери на зараза, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој како специфични општини каде не се почитуваат мерките ги посочи Тетово и Штип каде се направени контроли, а од Скопје тој посочи неколку општини каде бројот на новозаразени е зголемен: Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.

„Повторно воведување полициски час не е веќе опција, туку евентуални карантински мерки по примерот на Дебар, кои би биле како крајна мерка, но откако ќе се анализираат податоците и од следните неколку дена – во текот на викендот и почетокот на следната недела“ – вели Филипче.

Поврзани новости