До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот кој што го имаме со Бугарија кој што е целосно закупен од Гаспром. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните Директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија со Булгаргастранс, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното гостување во емисијата Аргумент плус на Телевизија 24.
Министерот појасни дека потребите за гас за Топланите и за индустријата се обезбедени до крајот на месецот од претходно склучени договори, но иако претходната година се зголеми капацитетот на гасоводот со Бугарија и се ослободија дополнителни 180 илајди метри кубни, сепак тоа не е доволно за да се обезбедат сите потребни количини за целата индустрија.