Ако не се изгласа владата утре, партијата на Тифонов ќе бара нови избори

by Fokus

Најголемата партија во бугарскиот Парламент „Има таков народ“ денеска соопшти дека доколку нивната предлог-влада утре не биде изгласана во Националното собрание, тие ќе работат на свикување предвремени избори, изјави заменик -претседателот на партијата Тошко Јорданов за БНТ.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, партијата на Слави Трифонов нема да поддржи партија или коалиција што ќе добие трет мандат од претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Денеска БСП и Демократска Бугарија мора да одлучат дали утре ќе ја поддржат владата предложена од „Има таков народ“ во Националното собрание.

Поврзани новости