Ако наставниците не се вратат на работа, може да добијат отказ

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето во ТВ 24 порача дека од утре просветните работници мора да се вратат на работа. Во спротивно, ќе се соочат со сериозни проблеми.

„Согласно одлуката на СОНК, штрајкот е ставен во мирување и од утре наставниците мора да се вратат на работа. Ако не го сторат тоа, ќе се соочат со низа проблеми. Може да добијат дисциплинска постапка, да изгубат работа“, рече Тренчевска.

Поврзани новости