623
Забраната на прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Димитар Апасиев е показател дека сме вазална територија владеана од октроирани квислинзи. Според претседателот на Левица ако истото го направевме и за авионите на НАТО кои ја бомбардираа Србија досега ќе бевме респектирана држава.
-Да го забраневте македонското небо за прелети на НАТО авионите кои го бомбардираа Белград, на ист начин како што го забранивте прелетот на рускиот министер Лавров за Србија – досега ќе бевме респектирана држава, а не вазална територија владеана од октроирани квислинзи, коментира Апасиев на неговата фејсбук страница.