Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на коронавирус во Германија, доколку не се договорат доволно мерки за борба против Ковид-19 пред есента.
– Доколку ја пречекаме есента како сега, без заштитни маски, без ништо, тоа би значело дека бројот на заразени остро ќе порасне, но и оти одделите за интензивна нега ќе бидат преоптоварени, изјави тој за ДПА за време на посетата на Вашингтон.
Истовремено, како што истакна министерот, болен ќе биде и болничкиот персонал, што дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.
– Тоа е како свеќа што гори на два краја, појасни Лаутербах.
Според него, јасно е дека се потребни мерки.
Министерот не сакаше да даде детали околу тоа какви ќе бидат мерките. Како што тој додаде, тоа е предмет на доверливи преговори со останатите министерства, вклучително и со Министерството за правда.
– Правната основа за сегашните ограничувања против коронавирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш Владата мора да одлучи за нови мерки, нагласи Лаутербах