Ако ја добиеме власта, ќе ги вратиме младите, ветува Мицкоски

by Fokus

Во однос на уставните измени, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ како партија има јасен став – дека овој Парламент нема мандат да менува Устав.

-Доколку ја добиеме централната власт ќе работиме да асфалтираме патишта, да ги вратиме младите, подобра економија и повисоки плати, подобро здравство, тоа е тоа што го ветувавме. Од другата страна, оваа влада потпиша Анекс на Договорот со Бугарија. Очигледно сега нема услови да се промени Уставот. Потребно е час поскоро да бидат одржани предвремени парламентарни избори. Оваа коалиција не може вака да продолжи, повтори тој.

Поврзани новости