543
По 15 години од Рамковниот договор, денес го заокруживме норматовниот дел од мировниот договор со кој заврши војната во 2001 година, изјави Артан Груби од ДУИ откако Собранието го усвои новиот закон за јазици.
– Сега останува имплементацијата на овој закон, со кој ќе добие Македонија, кохезивно општество и ќе се затворат многу теми – рече Груби.
Ако претседателот Ѓорге Иванов не го потпише указот на законот, Груби најави дека тој ќе се врати во парламентот и пак ќе биде изгласан.