Ако имате антитела, примено вакцина или негативен ПЦР тест од утре може да патувате во Грција

by fokus

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за сите граѓани на Република Северна Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Поврзани новости