623
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека постојат две полувремиња како во фудбалот, во однос на новата влада во земјава и најавената интеграција во ЕУ.
-Ако ние немаме влада со полн капацитет, ако имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе и да бутка кон решение и кон почеток на преговори, ако кај нас во Скопје не гледа апетит за такво нешто, значи тоа е првото полувреме. И мислам дека тука треба да ја гарантираме безбедноста на владата, да биде јасно дека мнозинството е обезбедено и да бидеме во полн капацитет#, истакна Шекеринска во гостувањето на Утрински брифинг .