„Ако имаме пари, ќе ги зголемиме платите“, истакна Заев

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има отчетност и транспарентност во државата, а најави и зголемување на платите на лица во различни сектори.

„Граѓаните бараат од нас да испорачаме резултати. Нема стрелање и бесење во Македонија, има затворска казна. Треба да ги направиме граѓание среќни. Првата одговорноста е на власта, и затоа избрав да направам вакво одбраќање. Предрасуди, помагање за никој во државата ќе нема.  Јас знам дека отчетноста, будното око на мониторингот штедат пари на граѓаните. Што се однесува до платите, ако имаме ќе ги зголемиме платите на луѓе во различни сектори. Ако тие растат ќе растат и платите и приватнит сектор“, рече Заев.

Поврзани новости