422
Претседателот Стево Пендаровски во овој момент нема донесено одлука дали ќе се кандидира за втор мандат за прв човек на државата, откри во вчерашното гостување на телевизија Сител.
Вели дека за таа одлука најважно ќе му биде дали ја има поддршка од граѓаните.
-Не знам. Кога ќе дојде време веројатно ќе се изјаснам. Јас сум рекол – важна ми е поддршката од коалицијата која во 2014 г. ми ја даде таа поддршка, не само од 2019, но далеку поважна ми е поддршката од граѓаните. Ако ја немам, нема да размислувам, но ако ја имам, можам да размислувам заедно со политичките субјекти кои би сакале во тој период да ме поддржат, изјави Пендаровски.