Општина Кавадарци ќе организира отворање на пунктови за помош на настраданите во поплавите од понеделник, бидејќи за време на викенд нема кој да ја ,,потера,, работата – така барем ни изјави Александар Панов, градоначалник на Кавадарци.
,,Ние веќе испративме цистерна во Скопје, но бидејќи денес е недела, нема кој да ги организира луѓето да се отворат пунктови. Од понеделник, ќе започнеме со повеќе активности за помош на настраданите, сигурно дека ќе има и пунктови каде што граѓаните ќе можат да остават помош,, – ни изјави тој во телефонски разговор.
Ниту во Неготино во моментот се нема отворено пункт за помош, а неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов не одговори на нашите телефонски повици. Голем е бројот на граѓаните од внатрешноста кои што сакаат да помогнат, но не знаат каде можат да ги остават своите донации, бидејќи никој нема излезено со официјално соопштение.
За разлика од Неготино и Кавадарци, во Штип и Битола веќе се работи на собирање на помош за настраданите. Граѓаните донираат вода, влажни марамчиња, средства за хигиена, храна… Во Скопје е организирано отворање на пунк пред Веро Центар во 13 часот.
Вики Клинчарова