Владата денеска ги објави Предлог-уставните измени за имплементирање на Договорот со Грција кои ќе ги достави до Собранието.
Според Предлогот, доколку Грција не го ратификува Договорот во својот Парламент и не го ратификува протоколот за прием на Македонија во НАТО, тогаш автоматски уставните измени ќе престанат да важат.
-Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови, стои во Предлогот.