Срамота е ова што се случува со обвинителството и со одговорните лица кои ги назначува Владата. Самиот премиер кој е нелегитимен и кој има најниска доверба кај граѓаните е континуитет на ова исто недоверба во судството од 8 проценти односно 9 граѓани од 10 граѓани немаат доверба во тоа правосудство, вели пратеникот Драган Ковачки во изјава за дневникот на телевизија Сител.
-Она што се однесува до неговото интервју сакам да кажам дека тој заборави да каже како ќе ја реши сиромаштијата кај граѓаните, како ќе го реши јазот помеѓу богатите и сиромашните, како ќе ги намали односно ќе го запре растењето на цените на основните намирници на брашното, зејтинот, млекото, јајцата“, рече Ковачки.
Ковачки го повика Ковачевски ако е толку убеден дека неговите политики имаат поддршка кај граѓаните, да оди на што поитни предвремени парламентарни избори.
-Со самото тоа што одби да оди на предвремени избори тој покажува дека нема 80 пратеници во Собранието за промена на Уставот и со тоа уште еднаш покажува дека неговите политики немаат поддршка кај граѓаните, кажа Ковачки.