На новинарско прашање дали е точно дека инспектор давал информации за истрагата на познаници и пријатели низ Скопје, министерот Спасовски рече дека доколку тоа е точно тогаш ќе има одговорност.
„Кога во истрага сите шпекулации ги изнесуваме во јавноста, може да се влијае на самата истрага. Тоа не е добро. За било каква активност што е нелегална, без разлика дали е инспектор или некој друг, ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто, рече Спасовски.
Тој нагласи дека со поднесувањето на кривичните пријави, сите доакзни материјали се предадени во Основното јавно обвинителство, каде се разгледуваат и дека тој повеќе не може да дава информации бидејќи како што нагласи тоа не е добро за истрагата.
Посочи и дека се изнаслушани шпекулации во овој период, на политиканства и се она што произлегува од овој аспект.