Пред речиси две недели, неделникот „Фокус“ по барање на актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска го објави целото психијатриско вештачење изготвено за потребите на судската постапка, која таа ја води против пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, поради обвинувањата дека поседува луксузна хациенда во Радишани.
Целата приказна претходно започна во собраниската сала, кога Ковачки за време на пратеничките прашања, сакајќи на јавноста да и ја приложи „лошата“ психичка состојба во која се наоѓа Петровска, прочита делови од вештачењето, кои само на него му одговораа. Заштитен со пратеничкиот имунитет, целта на вмровскиот пратеник беше да докаже дека министерката за одбрана не е способна за вршење на јавната функција, па тој упати прашање до премиерот Димитар Ковачевски – дали ќе ја разреши од министерската позиција?
Ваквата политичка пресметка меѓу Ковачки и Петровска, која трае веќе подолг период отвори многу прашања, меѓу кои дали и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ намерно прочита само еден дел од вештачењето за да ја оцрни кариерата на министерката?
Од друга страна, децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од тогашниот лидер Никола Груевски ги седна повеќето на клупа во судница, барајќи баснословни суми на пари. Уште една голема разлика е тоа што никаде во јавноста не излезе официјално ниту едно психијатриско вештачење, туку чисто беше споменато само како факт дека е направено во самиот судски процес.
Најголемо побарување за залечување на душевната болка досега има побарано бегалецот во Унгарија, кој од тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев бараше неверојатни 500.000 евра. Тој го тужеше екс лидерот на СДСМ за јавното обвинување дека тој бил вмешан во наводната криминална продажба на „Македонска банка“.
Подоцна, Груевски се предомисли, па ја намали за десетпати помалку сумата, поточно на 50.000 евра. Но, како што поминуваше времето, така тој во 2017 година пред и официјално да падне од власт, преку својот адвокат Никола Додевски скроз се откажа од тужбеното барање за паричен надоместок.
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК