627
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, тој истакна дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на екс-премиерот Груевски да избега од државата.
Првиот човек на опозицијата додаде дека во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и како што истакна, секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.
Мицкоски ги даде овие коментари во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.
Извор – Алсат М